Бизнис
10. February 2016 - 21:24

Николовски со изјавите нанесува штета на земјоделците

Обвинувањата од дополнителниот заменик министер за земјоделие од редовите на СДСМ  нанесуваат сериозни штети на земјоделците. Тие велат дека не стивнуваат реакциите по изјавите кои тој ги дава, поврзани со безбедноста на храната. Се соочуваат со намалена продажба и се плашат дека ќе им се намали производството  поради стравот што  Николовски го влева кај граѓаните.

Николовски денес со ново обвинување. Потенцираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство не исплатила над 3,2 милиони евра на ветеринарните друштва  во земјава. На ова реагираше директорот на агенцијата кој информираше дека парите им се исплаќаат квартално.

Од Агенцијата деновиве потенцираа дека граѓаните можат да бидат мирни, храната е бебедна и е контролирана на највисоко ниво, што е потврдено со зголемениот извоз на прехранбени производи  од земјава на европските пазари и пошироко.