Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат годинава ќе имаат две исплати за субвенции
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој денеска во Ресен имаше средба со производителите на јаболко, најави дека годинава за првпат ќе има две исплати за субвенции.
– Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2022 усогласена со европската регулатива, имаме нова пилот мерка оваа година само за овоштарите, но од следната година и за другите сектори, според која сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Новата Програма 2022 е излезена во Службен весник и овоштарите за прв пат годинава авансно ќе добијат линеарна субвенција од 12.000 денари по хектар, тоа е првата исплата како што ја има во секоја европска земја, потоа останатиот дел од основната субвенција ќе ја добијат следната година. Ова е нова, европска реформа во процесот на исплата на субвенции, со која авансно се исплаќаат 30 отсто, што од 2023 година ќе важи за сите култури, посочи Николовски.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека дел од новитетите во Програмата 2022 е и зголемувањето на износот за кофинансирање на мерката за зелена нафта, поради зголемувањето на цената на нафтата.
Согласно новата Програма, велат од МЗШВ, се бришат и критериумите за пријавена површина и грло, односно носителите на земјоделски стопанства кои се регистрирани како вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе добијат 20 отсто дополнителни финансиски средства.
На состаникот во Ресен разговарано и за барањето на производителите на јаболка за продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко, за што министерот Николовски истакнал дека ќе се дефинира соодветно решение со сите надлежните институции и по направените анализи и контролите на Државниот инспекторат за земјоделство.
Николовски информирал дека наскоро ќе започне и реализацијата на проектот за изградба на современи откупни центри во Ресен, Скопје и Струмица. Се подготвуваат и крупни реформи во земјоделството преку нови законски решенија како што се закон за уредување на пазарите со кој ќе се утврдат пазарните политики и ќе се отвори можност за формирање на асоцијации на производители, потоа закон за директни плаќања, закон за рурален развој, закон за советодавни услуги, закон за осигурување.
Ново на Сител
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
-
Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
-
Успешна, примерна и инспиративна приказна за една вистинска љубов
-
Во Скопје три лица искасани од кучиња скитници