Николовски: Нема да дозволиме некој да ја руши Македонија и тука сме да ја браниме
„Леле колку не има. Вака се брани Македонија! “ порача еден од најпознатите македонски спортисти, кајакарот Атанас Николовски.
Тој беше еден од говорниците на масовниот народен собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
-Велат дека на гостински терен е многу тешко. Не. Ние велиме дека на домашен терен е многу тешко. Зошто треба да го оправдаме тоа. Имав чест на ОИ во Пекинг во 2008-ма година да го носам македонското знаме каде 100.000 граѓани на Пекинг беа присутни таму и уште милијарди гледаа. Меѓутоа, да се настапи во Македонија чувството е прекрасно. Под онаа Порта поминаа нашите спортисти и уште многу ќе поминуваат. Нема да дозволиме оваа Порта хулиганите да ја сквернават и на неа да се изживуваат. Тоа е знак на нашата победа, нашата пот македонска. Сега во ова време кога спортистите имаат секакви можности да тренираат, нови сали, спортски терени, базени…нема да дозволиме некој да ја руши Република Македонија и тука сме да ја браниме, порача тој.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци