Николовски: Нека е честит Рамазан Бајрам, да продолжиме по заедничкиот пат што обединува
Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом, во вашите срца, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во честитката упатена до верниците од исламска вероисповед по повод муслиманскиот празник Рамазан бајрам.
Во духот на празникот, како што порачува Николовски, да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.
-Да се потсетуваме на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите. Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме. Да го продолжиме заедничкиот пат, преку негување и унапредување на концептот едно општество за сите, концепт кој не обединува и кој води напред. Ви посакувам добро здравје, благодет, радост и среќа. Честит Рамазански бајрам! , вели Николовски во честитката.
Ново на Сител
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете