Македонија
27. February 2021 - 16:33

Николовски најавува голем план против корупцијата

Владата најавува голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот. Планот  пред јавноста ќе биде соопштен во вторник од страна на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Според најавите,  во планот ќе бидат содржани сите забелешки, препораки и барања на сите релевантни институции кои ја следат состојбата во државата.

За вицепремиерот Николовски,  корупцијата е зло што го има во сите пори во општеството, а борбата со него е на врвот на владините приоритети. Според Николовски корупцијата најмногу е застапена во урбанизмот, издавањето дозволи, концесии, во спортот, во службите во општините. Вели проблемот е децениски, но убеден е дека новата генерација  на чесни  македонски политичари  ќе успее да победи во таа борба.