Николовски: Целосно се исплаќаат долговите на Повардарието и винариите на над 2.600 лозари, така се работи за сопствената земја
Изминатите две и пол години земјоделците добија вистинска грижа од државата и од Владата водена од СДСМ.
Особен акцент ставивме на лозарството, како една од најважните и најстратешки земјоделски гранки.
Минатата година исправивме долгогодишна неправда кон лозарите. Исплативме над 1,2 милиони евра кон повеќе од 2000 лозари за долговите од Повардарие и други регистрирани откупувачи за нивното предадено но неплатено грозје.
Следува исплата на долгови кон дополнителни 680 лозари, со што ја исправаме целокупната неправда. Со ова, целосно се исплаќаат лозарите и се решава овој горлив проблем во тиквешијата.
Овие средства се приход плус кој лозарите кој можат да го искористат за нови инвестиции во лозовите насади.
Над 1 милион евра се исплатија на 6.240 лозари и како дополнителната субвенција
од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби последната година.
Донесовме и измени на Законот за вино, со што се реализира барањето на лозарите да си регистрираат мали, семејни односно бутик винарии. Со новите измени во правилниците и подзаконските акти, малите винарии ќе можат да развиваат сопствени брендови и да го понудат својот квалитет на отворениот пазар.
За последните два повика за давање во закуп на државно земјоделско земјиште со постоечки насад, во подрачната единица на Министерството во Кавадарци се издадени над 520 потврди на земјоделци.
Тоа значи дека тие ќе аплицираат за вкупна површина од над 550 хектари, за кој што ќе склучат договори, ќе добијат субвенции и ќе може да аплицираат за мерките од ИПАРД2 програмата.
Во изминативе две и пол години се што презедовме како чекори, како мерки и политики е во интерес на лозарите, на земјоделците.
Продолжуваме и понатаму да градиме партнерски однос со земјоделците и да креираме политики кои што ќе го унапредуваат секторот. Така се работи за сопствената земја.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години