Николоски: Споменот за загинатите херои е вечен
Денеска сме тука за да им оддадеме почит на хероите кои ги дадоа животите на Карпалак бранејќи ја Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешното чествување во Прилеп за 10 загинати на Карпалак.
– Десетте загинати херои ги бранеа независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001-та година. Нивниот спомен е вечен. Но, е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело, да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна, да се гради како напредна држава, изјави Николоски.
Николоски најави дека во месноста Карпалак ќе се изгради споменик и има идејно решение за тоа.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека сака да отвори уште една актуелна тема во Прилеп, за безбедноста во градот повикуваќи ги надлежните да ги откријат сторителите на криминалните дела.
-Градот се претвори во град од Дивиот Запад, царува мафијата и е во спрега со оние кои треба да го спроведуваат законот. Поминуваат недели, а од некои случаи и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила, пред се мислам на запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, на директорот на јавното комунално претпријатие, на вработена во Општината. Ги повикувам надлежните да ги откријат, зашто добро сите знаеме кои се тие. По промената на власта секако дека ќе бидат откриени и казнети, но заради безбедноста на градот и на граѓаните, добро е тоа да се направи побрзо, изјави Николоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација