Николоски до Ковачевски: Јавете ми се, јас ќе ви потврдам дека Џафери ги кажа тие погадни зборови во Собранието
„Да кажам нешто што можеби не е познато во јавноста, Ковачесвки спомена дека не може да даде мислење за Џафери затоа што не е сигурен дали е тој или не е тој. Еве јас да му кажам на Ковачевски дека е тој. И тоа затоа што јас бев внатре во салата кога Џафери ги изнесе тие пцоски и тие погадни зборови кон вработените во Собранието“,истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека тој лично бил во тој момент во салата во Собранието кога Џафери ги кажал тие погадни зборови на вработените.
„Јас лично бев внатре така што ако сака еве потврда нека ми се јави мене, јас ќе му потврдам дека јас бев внатре и јас со свои уши слушнав како тоа го кажа Џафери“, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека снимката одеше на официјалниот собраниски канал. Значи тоа не е дека нешто таму некој снимал, туку на официјалниот собраниски канал се емитуваше.
„Денес побаравме да се испита деловната способност затоа што мислиме дека неколку инциденти водат кон тоа, а барањето на оставка е најмалата работа која што можеме да ја побараме“, рече Николоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација