Николиќ: За Србија Русија е главен сојузник и никогаш нема да поддржи санкции против неа
Повеќето граѓани на Србија ја оценуваат Русија како нивен главен сојузник и српските власти никогаш нема да ги поддржат антируските санкции, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервјуто за португалскиот весник „Диариу ди нотисиаш“.
- Тоа не е само прашање на емоции, Србија постојано добива голема помош и поддршка од Русија и од нејзиниот претседател Владимир Путин по прашања кои се многу важни за неа, истакна Николиќ.
На прашањето како Белград може да ја задржи рамнотежата меѓу односите со Русија и процесот за интеграција во ЕУ, српскиот претседател одговори дека тоа е тешко и оти најголемиот проблем за Србија е постојаниот притисок да ја усогласи надворешната политика со политиката на ЕУ.
Според Николиќ, тоа во превод би значело дека Србија треба да воведе санкции против Русија, што Белград никогаш нема да го направи.
Тоа според него би нанело штета врз српската економија и на виталните национални интереси.
Ново на Сител
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек
-
Само 25% од невработените во Македонија решиле да се доедуцираат во центарот за образование за возрасни
-
Бока: Пристапувањето во ЕУ треба да се заснова на заслуги, Македонија веќе требаше да е дел од унијата
-
Конечно започнува реставрацијата и конзервацијата на црквата на манастирот Трескавец
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора