Николиќ: ЕУ ја направи мигрантската рута преку Македонија и Србија
Европската унија сама ја создаде маршрутата на мигрантите преку Македонија и Србија, кои се надвор од ЕУ, а со леснотија можеше да ги одврати мигрантите да поминуваат низ земјите членки Бугарија и Грција, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за телевизијата „Раша тудеј", пренесува ТАСС .
- Србија сега има доволно ресурси, трпение и разбирање, за да ги прифати сите мигранти кои пристигнуваат во земјата, рече Николиќ.
Тој додаде дека додека границите на ЕУ се отворени, Србија ќе продолжи да се грижи за бегалците, особено за децата, да им обезбедува медицинска помош и да им помага да ја преживеат зимата, да прави се што е можно за да можат да продолжат кон северноевропските земји. Тој, сепак, додаде дека Европската унија не и помага на Србија во решавањето на овие проблеми.
Николиќ вели дека Србија не е против отворањето на границите, но ќе биде „чудно", ако Австрија, Германија и другите земји престанат да примаат мигранти.
- Ние само сакаме ЕУ да не предупредува за плановите за мигрантите, ако постојат такви планови. Ние не бараме помош, само треба да знаеме колку долго и колкав број мигранти планира да прифати ЕУ и кога ќе престане да го прави тоа, прецизира Николиќ.
Ново на Сител
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс