Македонија
19. January 2017 - 13:59

Николчо Стаменковски го фати крстот во Берово

Во Берово во присуство на стотици верници се одбележа традиционалното осветување на водите на реката Брегалница по повод празникот Богојавление-Водици. Од двесетината момчиња кои влегоа за да го фатат светиот крст, најсреќен беше триесет и тригодишниот Николчо Стаменковски од Берово, вработен во АРМ.

- Јас по прв пат го фаќам крстот и навистина, сум среќен. Посакувам овој ден на сите да донесе здравје и бериќет, рече Стаменковски.

Среќниот Стаменковски од компанијата „Зегин“ доби телвизор ЛЦД, додека општина Берово му додели 6 илјади денари.