Никол Пашињан избран за премиер на Ерменија
Опозицискиот лидер Никол Пашињан денеска е избран за премиер на Ерменија, функција за која беше и единствен кандидат.
Пашињан е избран на седница на Парламентот, после три недели протести и политичка криза.
Претходно денеска, сите политички партии во ерменскиот Парламент, вклучувајќи ја и владејечката Републиканска партија која претходно одбиваше да го поддржи, рекоа дека ќе гласаат за Пашињан.
Пашињан пред пет дена вторпат беше номиниран за премиер на Ерменија. Прес-службата на Парламентот тогаш соопшти дека кандидатурата на Пашињан е поддржана со потписи на повеќе од една третина од пратениците, согласно уставните норми.
Лидерот на ерменската владејачка Републиканска партија, Вахрам Багдасарјан претходно изјави дека земјата ќе добие нов премиер на 8 мај и дека неговата партија ќе го поддржи кој било кандидат, вклучувајќи го и Пашињан, доколку ја има поддршката на една третина од пратениците.
Републиканската партија претходно се изјасни против кандидатурата на Пашињан, но очигледно го смени ставот еден ден по вчерашната граѓанска непослушност, при која беа блокирани патишта и пруги, а делови од земјата беа во целосен засто
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир