-->
-->
Нико Коваќ нов тренер на Ајнтрахт
-->
Нико Коваќ поранешниот селектоир на фудбалската репрезентација на Хрватска, е нов тренер на Ајнтрахт соопшти на својот сајт клубот од Франкфурт.
Во соопштението германскиот бундеслигаш информира дека со Коваќ е потпишан договор до крајот на јуни следната 2017 година.
Хрватскиот тренер доаѓа во Франкфурт на местото на Армин Феа кој во неделата доби отказ по нерешениот резултат против Инглоштад.
Ајнтрахт на последните седум натпревари оствари само една победа, а во моментов со само 24 освоени бодови е на 16-место на табелата во Бундес лигата.
Поранешиот хрватски репрезентативец кој своевремено во Бундес лигата ги носеше дресовите на Херта, Хамбургер, Баер Леверкузен и Баерн Минхен, својата тренерска кариера ја започна како асистент во австрискиот клуб Ред Бул од Салцбург, а подоцна беше и слелектор на младата и на сениорската репрезентација на Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис