Ники Лауда во животна опасност
Трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда е во лоша состојба во виенската болница, откако претрпе трансплантација на белите дробови.
Шеесет и девет-годишниот австриец беше опериран во четвртокот поради тешка болест на белите дробови, велат од болницата. Претходно, Лауда помина низ две трансплантации на бубрег.
- Молиме за разбирање, семејството не сака да дава јавни изјави, се обидуваме да ја сочуваме приватноста на семејството Лауда, објавија од болницата.
Според медиумите во Австрија, сепак, тоа е сериозна операција по која Лауда е во животна опасност.
Белиот дроб на Ники Лауда беше засегнат уште при ужасната несреќа на „Нирбургринг“ на 1 август 1976. Тогаш Лауда вдиши отровен чад, што води до тешки повреди на белите дробови. Ова беше најголемата штета по тешката несреќа во која изгоре голем дел од телото на пилотот. Од тогаш, белите дробови на Лауда функционирале ограничено.
Австриецот е во болница веќе 13 дена, а неговата состојба е далеку по драматична од претходните предвидувања.
Се верува дека Лауда фатил летен грип на Ибица и првично ја потценил ситуацијата. Кога симптомите се влошиле, сопственикот на авиокомпанијата „Laudamotion“ оди директно во Виена.
Поради големиот вирус, Лауда првично помина неколку дена во единицата за интензивна нега пред да се врати во нормален режим. Меѓутоа, во четвртокот неговата состојба се влошила повторно.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал