-->
-->
Нието ја одложи посетата на САД поради тензичниот телефонски разговор со Трамп
-->
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ги одложи плановите за посета во Вашингтон по тензичниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од двете страни.
Пења Нието планираше во текот на овој месец или во март да ја оствари неговата прва посета во Белата куќа и да се сретне со Трамп.
Но, во текот на 50-минутниот телефонски разговор, што беше остварен на 20 февруари, Пења Нието побарал од Трамп, при средбата во Белата куќа, да не бара јавно од Мексико да ја плати изградбата на ѕидот долж заедничката граница.
Трамп, сепак не ветил дека нема да го покрене чувствителното прашање, по што двете страни се договориле дека е подобро плановите за средбата да бидат одложени
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно