Џет-Сет
9. March 2016 - 15:49

Ни на сопругата ни на љубовницата: Еве што и подари Шабан на Карлеуша

Шабан Шаулиќ уште еднаш покажа дека е вистински џентлмен па на својата колешка од жирито на Гранд, Јелена карлеуша, и подари подарок каков што би посакала секоја жена за 8 Март. 
 
Претседателот на жирито на Ѕвездите на Гранд во еден момент извади бела кутија од под масата и и ја подари на Карлеуша. 
 
- Јелена е Дива и затоа одлучив да и поклонам нешто, рече Шабан. Јелена беше пресреќна и изненадена.
 
-Знаеш колку те сакам и почитувам. Изненадена сум. Фала ти многу, му возврати Јелена.
 
Инаку, подарокот е швајцарско чоколадо, едно од најдобрите.