Независни Грци: Не прифаќаме име со терминот Македонија
Коалицискиот партнер во грчката влада, Независни Грци, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос, не отстапува од позицијата против име за нашата земја во кое би бил вклучен терминот Македонија. Цврстиот став на партијата уште еднаш го повтори портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
- Не можеме да прифатиме име што ќе го вклучува терминот Македонија или изведени зборови. Државата на Скопје ќе треба да прифати еден комплетен договор, односно промена на Уставот, промена во личните карти, едно име за сите. Во секој случај, ние, Независни Грци не можеме да отстапиме од основните прашања и нашите цврсти позиции. За нас, јадрото на иредентизмот на соседната држава, се наоѓа во името, вели Пападопулу.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на сценариото евентуалниот договор во грчкиот парламент да треба да биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници, портпаролката на Независни Грци вели дека тие нема да отстапат од нивната позиција и велат „не“ за употреба на терминот Македонија или изведените зборови.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица