„Независне новине“: Словенецот Јанез Ленарчиќ го наследува Хан?
За наследник на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, иако неофицијално, се почесто почна да се споменува името на словенечкиот дипломат Јанез Ленарчиќ, пишуваат бањалучкиот весник „Независне новине“, повикувајќи се на повеќе неиуменувани извори.
Според весникот, одлуката се уште не е донесена и се уште не е јасно на кој начин потфелјот за проширување ќе биде дефиниран, иако Ленарчиќ во бриселските кругови се почесто се споменува како можен кандидат на оваа функција.
Словенечката Влада неофицијално Ленарчиќ го номинирала за свој кандидат за еврокомесар, а ресорите во кои тие би сакале да го видат се комисаријатите за животна средина и за енергетика.
Добар познавач на бриселските прилики за „Независне“ вели дека е речиси извесно дека следниот комесар за проширување ќе дојде од соседството на Западен Балкан, со оглед на тоа дека последните двајца еврокомесари беа од Словачка и Австрија.
-Може да се очекува по извесното иманување на Шпанецот Жозеп Борел за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ресорот за проширување да го води лице кое ќе може да воспостави одредена противтежа на политиката која од ЕУ се водеше кон регионот на Западен Балкан. Од тој агол Словенецот ќе изгледа како паметен избор, вели неименуваниот извор за весникот и додава дека конечниот правец, сепак, ќе го одреди Урсула фон дер Лајен, која функцијата претседател на ЕК ја презема на 1 ноември.
Фон дер Лајен вчера се сретнала со Ленарчиќ за да разговара за можната позиција во ЕК, но не се очекува дета таа во овој момент би можела да ги открие картите, додава „Независне“.
Ново на Сител
-
Трамп ја номинираше Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации
-
Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска
-
Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
-
„Волстрит џурнал“: Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија
-
Сончево и многу топло време со температура до 39 степени
-
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час
-
Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека околу 40 минути