Балкан
19. February 2016 - 10:38

Незапаметена трагедија: Девојче (11) загина поради дивјачко возење на старица

Марија Вошановиќ која живее во Германија со голема брзина со своето рено удрила во фиат стило кое се одбило и удрило во велоспедот кој го управувала 11-годишната Михаела Коалр.

11-годишната Михаела загина во тешка сообраќајна несреќа во Бачка Паланка. Несреќата се случи на 12. февруари, кога реното со кое управувала Марија Вошановиќ (77) налетал на фиат стило, по потоа се одбил и го покосил девојчето на велосипед.

Старицата зад воланот на реното не го почитувала поставениот сообраќаен знак, туку при полна брзина од споредна излегла на главната улица и удрила во зааедниот дел на фиатот со кој управувал Р.Ѓ.

Си играла со другарчето

-Автомобилот се извртел и удрил во бандера. Во тој момент на велосипед се возела Михаела и нејзиниот другар. Возачот на автомобилот успеал да го избегне момчето, но не и девојчето. Марија е приведена, и против неа ќе биде поднесеена кривична пријава за предизвикување несреќа. Изречена и е мерка забрана за напуштање на местото на престој и одземена е патната исправа, вели извор од истрагата.

Neutešna... Majka Dragana

За родителите на настраданото девојче, мајката Драгана и таткото Михајло нема утеха.

-Мојот ангел повеќе го нема, плаче неутешната мајка.

Според нејзините зборови Михаела тој ден отишла со другарчето да повозат велосипед, но повеќе не се вратила.

-Дојде нејзниот другар и ја повика да си играат. Го зеде велосипедот и отиде. Само неколку минути подоцна дојде детето и со плачење ни рече: Михаела ја удри кола! Не се плаши, само и тече крв од носот. Во моментот ми се сруши се, вели мајката Драгана.

Мајката веднаш истрчала од дома и го видела девојечто како го носат со брза помош/

-Кога стигнав до болница, ја видов, љубовта моја, само ја спушти малечката рака. Набрзо почина...Леле мајко моја, што ме снајде. Не можам да се помирам дека повеќе ја нема, вели низ солзи Драгана.

Таткото Мохајло трагичната вест го затекнала во Словачка каде заминал поради работа.

Užas... Mesto nesreće

- Нашиот живот згасна. Кога слушнав што се случи, тргнав кон прозорецот, сакав да скокнам од шестиот кат. Но тогаш пред очи ми се појави сликата од двете постари ќерки и внуката. Моето срце е откинато, го нема, вели тој.

Михајло е загрижен за сопругата Драгана.

Таа е скришена, не ја испушта фотографиајта од ќерката од раце, само ја повикува и плаче. Незнам како ќе го преживееме сето ова. Михаела сите ја сакавме, нејзината насмевка, очите. Беше весело дете, го сакаше животот, вели очајниот Михајло.

тој се прашува како жена од 77 години воопшто возела кола.

-Човек чие име не го знаеме, а во која удрила таа баба и кого го орфилила на наешто дете, дојде на погребот. Плачејќи ни изјави сочуство и повторуваше: Не бев јас виновен, не сум. Ние со сопругата не го обвинуваме него, туку таа жена која ни сочуство не ни изрази, вели таткото на девојчето.