Невремето „Андреа“ во Македонија: Кризиниот штаб активен на терен пред најавеното невреме
Согласно со насоките на кризниот штаб, кој вчера заседаваше, а по најавите за невремето „Андреа“, и поделените обврски меѓу јавните претпријатија, екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен и спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, а екипите на ЈП „Улици и патишта” машински ги чистеа главните одводни канали во Скопје.
Каналите се чистат за да се обезбеди непречен проток на водата од евентуалните обилни врнежи на дожд.
Според најавите, бурата „Андреа“ што се очекува во наредните денови да го зафати регионот може да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар.
Од УХМР информираат дека до петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, наместа со обилни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.
На состанокот во Град Скопје, со кој што вчера претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ беа координирани активностите и се поделија обврските меѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и преостанатите општини и државни институции.
Кризниот штаб на Град Скопје апелира да се исклучат пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и во близина на одводните канали. Дополнително, им посочува на граѓаните во случај на електрични празнења да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев
-
Состојба на патиштата
-
Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите