Македонија
22. јуни 2021 - 12:29

Невреме во Струмица – штети на пиперката за ајвар

Невреме проследено со силен ветер и дожд доцна синоќа го погоди струмичкиот регион. Позади себе остави повеќе откорнати дрва и  електрични столбови како во градот така и во неколку населени места. Штети има и кај земјоделците. Најпогодени се површините под пластеници засадени со познатата ајварка. Земјоделците кои уште од рани зори излегоа да го отстранат искинатиот  најлон и да постават нов, велат дека штетите се големи. Според нив ова сигурно ќе се одрази и врз приносот.

Невремето го закочија и сообраќајот на одредени делови во градот поради што интервенираше и противпожарната единица која се вклучи во отстранувањето на паднатите дрвја.