Невработеноста во БиХ зголемена за 1,96 отсто од почетокот на пандемијата
– Кон крајот на февруари 2021 година, во Босна и Херцеговина имало 410.776 невработени лица, според последните показатели од пазарот на трудот.
Бројот на невработени во февруари е помал за 4.251 лице или 1,02 проценти отколку во јануари, додека во споредба со истиот месец лани е зголемен за 7.888 лица или 1,96 проценти, пренесува порталот Индикатор.
Годишниот раст на невработеноста е предизвикан од намалена економска активност како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Од вкупниот број на лица кои барале вработување во февруари, 56,97 проценти биле жени.
Според последните достапни податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, во јануари годинава во земјата имало 809.677 вработени лица, од кои 349.753 биле жени. Во споредба со декември 2020 година, бројот на вработени се намали за 0,5 проценти, а бројот на вработени жени се намали за истиот процент.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија