-->
-->
Невработеноста најголем проблем за Ромите во Кичево
-->
Меѓу најгорливите проблеми за Ромите во Кичево е невработеноста, а проблемот може да се надмине со спрега меѓу локалната и централната власт, сметаат ромските невладини здруженија.
-Инклузијата на најмладите Роми во процесот на образование ги дава резултатите, но, сепак, неопходно е некои од граѓаните со преквалификации, доквалификации и други мерки да бидат конкурентна работна сила на пазарот на трудот. Тоа значи да конкурираат рамноправно на огласите за работа и да дојдат што побрзо и до соодветно работно место, изјави Емин Мамудоски од невладиното здружение „Преродба”.
За невработеноста на Ромите зборуваше и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари при презентација на предлог буџетот на општината за нардната година.
-Во склад со моите можности сум се трудел, но и ќе се трудам и во иднина во Кичево да имаме еден вид позитивна дискриминација барем при сезонските вработувања каде ни се дава можноста да вработиме во поголем дел припадници на Ромската заедница која е најранлива не само во Кичево, туку и пошироко рече Дехари.
Тој нагласи дека за ова заедница се отворени вратите и во општинската администрација, но додаде дека то многу тешко оди поради превработеноста која е наследена.
Во општина Кичево се ангажираат околу 50 сезонски работници скоро секоја година од кои најголем број се преставници на ромската заедница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија