Невработени жени од Куманово се едуцираат за мерките за вработување, самовработување и субвенционирано вработување
Околу дваесетина жени од Куманово денеска учествуваат на информативната сесија која се одржува во рамки на проектот „Поддршка за вклучување на жени Ромки и жени од други етнички малцинста на пазарот на трудот“, кој го спроведува здружението на граѓани Македонски центар за женски права Шeлтер Центар Скопје во партнерство со Центарот за ромската заедница „Дром“.
Претставници од Центарот за вработување на информативната сесија ги презентираат и ги едуцираат учесничките за активните мерки за вработување, самовработување, субвенционирано вработување и стручно оспособување.
- Денеска и утре во Куманово се организираат информативни сесии со четириесет жени кои се вклучени во проектот. Од нив по селективен пат ќе бидат избрани 20 жени, со кои ќе се работи на нивниот личен индивидуален развој во делот на вработување, преку обуки за стекнување на лични и професионални вештини, пишување на професионални биографии, мотивациони писма, како и на кој начин побрзо да најдат работа, изјави Донка Петровска од „Дром“.
Таа нагласи дека овие учеснички ќе бидат вклучени во дел од активните мерки за вработување, ќе одат и на обука кај работодавач каде што ќе стекнат диплома која ќе ја користат за нивно идно вработување. Освен во Куманово проектот се спроведува и во Скопје и Битола. Планирано е да се одржат шест информативни сесии во секој град по две со цел да се воспостави директен контакт со групите.
Емилија Илиевска, учесник во информативната сесија смета дека преку проектот ќе стекне одредени вештини од кои ќе има бенефит и ќе стане поконкуретна на пазарот на трудот.
Проектот е поддржан од ЕУ, од програмата ИПА компонента 4, од делот социјална инклузија.
Ново на Сител
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници
-
СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир