Невиден масакр: Полицаец уби три лица и се самоуби по кавга со девојката
Француски полицаец уби три лица и се самоуби синоќа по расправија со неговата девојка.
Инцидентот се случи во северното париско предградие Сарсел, каде полицаецот Арно Мартен прво ја ранил својата девојка, пукајќи и во главата, а потоа убил еден човек кој се обидел да и помогне и еден случаен минувач.
Мартен (31) потоа влегол во домот на девојката, каде го убил татко и, тешко ја ранил мајка и, а го застрелал и семејното куче. Полицаецот на крај се самоубил.
Колегите на Мартен изјавиле за весникот „Фигаро“ дека се работело за добар полицаец кој не правел проблеми на работа.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека правилото полицајците да можат да го носат своето службено оружје и кога не се на должност ќе остане на сила и покрај овој инцидент.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска