Неверојатно: Вака изгледа срцето на момче кое се подготвува да ја запроси својата девојка
Емотивниот вртлог низ кој поминува секој маж пред да клекне пред својата девојка го разбираат само они кои тоа го поминале. Но оние кои тоа не го знаат, како ни жените кои не можат да знаат што се случува во срцето на нивните избраници, сега имаат можност да видат.
Корисник на Редит носел монитор за мерење на отчукувањата на срцето пред да ја запроси својата девојка во Рим.
Отчукувањата се движеле од 80 до 90 додека се шетале. Купиле сладолед и тој малку се смирил. Отчукувањата тогаш му паднале на 80 во минута.
Знаел дека моментот на запросување се ближи и срцето повторно почнало побрзо да му чука. Непосредно пред просидбата кога си ги повторил зборовите во глава отчукувањата на срцето го достигнале максимумот - 130 во минута. Го поставил прашањето и срцето и понатаму му чукало како лудо - околу 115 отчукувања.
Чим рекла да, отчукувањата нагло се смалиле. Почувствувал олеснување, среќа и смирување.
Како сето тоа изгледало погледнете во видеото:
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија