Неверојатно: Ги изгуби сите екстремитети, неговата девојка вака му возврати
Тејлор Морис од малечок бил склон кон авантури. Подоцна се занимавал со екстремни спортиви, а неговата способност да остане прибран во тешките ситуации била пресудна во избирањето на кариера.
Имено, Морис се одлучил да стане професионален војник и станал член на една елитна единица.
Така, тогаш 23-годишниот Тејлор го предводел својот тим во една акција која се одржувала на тајна локација. Во еден момент стапнал на мина која му ги разнела сите екстремитети, а дури и тогаш одбивал лекарска помош зошто се плашел на некој од медицинскиот персонал да не му се случи истото.
За среќа, храбриот Тејлор полека почнал да се опоравува и станал една од петте лица кои преживеале ампутација на сите четири екстремитети, а неговото семејство, пријателите и медицинскиот персонал биле воодушевени од неговата волја и смисла за хумор.
Во целата таа ситуација се случи и една прекрасна љубовна приказна. Имено неговата девојка Даниел, со која бил 9 години, за време на целото опоравување не се помрднувала од неговата болничка соба.
Нивната приказна стана вирална и го воодушеви целиот свет, а Тејлор ја запроси на имотот на своите родители.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат