Неуспешна лицитација за најголемиот небрусен дијамант во светот
Најголемиот необработен дијамант во светот, не е продаден на аукцијата што се одржа вчера, бидејќи никој не ја прифати почетната цена на организаторот на наддавањето, која изнесуваше 70 милиони долари.
Највисоката цена понудена од лицитаторите беше 61 милион долари, која аукциската куќа не ја прифати, но и не успеа да добие повисока понуда. Наддавањето го организираше аукциската куќа „Сотби“, која се наоѓа во Лондон.
Тобајас Кормајнд, официјален претставник на фирмата за трговија со дијаманти „77 Дајмондс“ рече дека неуспехот на лицитацијата се должи на нестабилноста на пазарот предизвикана од Брегзитот. Тој, сепак смета дека е невозможно побарувачката за големи дијаманти да е или да биде исцрпена.
Дијамантот наречен „Леседи ла Рона“ е со големина на тениско топче и има вредност од 1.109 карати. Пронајден е во африканската држава Боцвана минатата година.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис