Македонија
26. December 2019 - 10:37

Неуспешен обид за кражба - крадецот пренесен со Брза помош во болница

Крадец при кражба се повредил, па со Брза помош бил пренесен во болница. Како што информираат од МВР, вчера  во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено  дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Р.(26) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.