-->
-->
Неуспешен обид за Гинисов рекорд на Јоко Оно
-->
Над 2.000 лица се собраа синоќа во њујоршкиот Централ парк на иницијатива на вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно и со своите тела го исцрта знакот на мирот.
Целта на собирот беше да се постави нов Гинисов рекорд во бројот на лица кои со своите тела ќе го исцртат симболот на мирот.
Меѓутоа, како што сооопшти претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Оно не успеа во ваквата идеја бидејќи за нов рекорд и беа потребни најмалку 5.000 лица, а на нејзиниот повик се одзваа нешто над 2.000.
Оно најави дека сакала да го постави овој рекорд во чест на нејзиниот покоен сопруг, кој доколку беше жив в петок ќе наполнеше 75 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања