-->
-->
Неуспешен лет на првата 3-Д печатена ракета во светот
-->
„Теран 1“, првата 3-Д печатена ракета во светот, полета рано утринава од Вселенскиот во Кејп Канаверал, Флорида, САД, но не успеа да стигне до Земјината Орбита.
Производител е новата приватна компанија „Релативити спејс“ со седиште во Калифорнија. Ракетата во два дела, висока 33,5 метри и широка 2,3 метри „е најголемиот 3-Д печатен објект што постои, којшто се обидел да полета во орбитата“, се вели во соопштението. Отпечатени се 85 отсто од масата на ракетата, вклучувајќи ги и моторите. Следниот чекор е зголемување на тој удел на 95 насто.
Во првиот лет, ракетата требаше да стигне во орбитата по осум минути. Ако успееше, калифорниската фирма ќе беше првата приватна вселенска компанија што го сторила тоа при првото лансирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти