Македонија
9. јуни 2022 - 16:31

Неуромедика прослави 30 години постоење

Јубилејни 30 години постоење, прослави вчера приватната болница Неуромедика. На предизвиците со кои се соочиле во овие три децении како прв приватен здравствен бренд се осврна сопственикот д-р. Емил Угриновски, но го изрази и своето уверување дека успесите на компанијата ќе продолжат во иднина.

Почетоците од  скромна приватна амбуланта со двајца лекари, прераснаа во национална поликлиника, а во 2017 година, најголемиот развој се достигнува со изградбата и отворањето на болницата Неуромедика, каде работи тим од 120 лица, составен од врвни лекари, хирурзи, професори, специјалисти.

На свечениот настан награда за животно дело му беше доделена на неврохирургот проф. Д-р Јовица Угриновски, за неговиот приодонес во здравството и неговата посветеност кон развојот на Неуромедика.

Од болницата велат дека пациентите и нивното здравје секогаш ќе бидат нивен приоритет.