Нетанјаху: САД ќе ја преселат Амбасада во Ерусалим за една година
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека САД ќе ја преселат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим во рок од една година, јави ДПА.
Ваквото тврдење се разликува од проценките на претставниците на Белата куќа, кои оценија дека за преселување ќе им бидат потребни најмалку три до четири години, поради строгите безбедносни мерки.
- Уверен сум дека тој чекор ќе биде направен многу побрзо отколку што мислат луѓето, за една година од денеска, изјави Нетанјаху на средбата со новинарите во авионот за време на летот од Њу Делхи до Гуџарат. Израелскиот премиер се наоѓа во посета на Индија.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември донесе одлука САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел со преселбата на нивната амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Ново на Сител
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени