Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
Израел планира да ги интензивира своите напади во Појасот Газа дури и по очекуваното ослободување на израелско-американски заложник од страна на Хамас, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Преговорите ќе продолжат под оган за време на подготовките за интензивирање на борбите, рече израелскиот лидер во изјава.
Палестинската милитантна група вчера соопшти дека ќе го ослободи Едан Александар, израелски Американец кој служи во израелската армија, во гест на добра волја кон Соединетите Американски Држави по неодамнешните разговори.
Ослободувањето беше претставено како дел од напорите на исламистичката милиција да се постигне договор за Газа.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тоа е „одлична вест“ и гест на добра волја кон неговата земја и другите двајца посредници, Катар и Египет.
Во меѓувреме, Трамп планира неделава да почне повеќедневна турнеја по Блискиот Исток, без посета на Израел.
Ново на Сител
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“