Нетанјаху: Посетата на Бајден е чин на пријателство
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Израел докажува дека врските меѓу двете земји сојузнички се силни.
Тој додаде дека оваа посета претставува „пријателски чин“ и покажува дека грешат „оние кои предвиделе колапс на израелско-американските односи“.
Односите на Нетанјаху со претседателот на САД Барак Обама беа затегнати поради несогласувањето на израелскиот премиер околу нуклеарниот договор на големите светски сили со Иран.
Бајден утре пристигнува во дводневна посета на Израел, а исто така ќе го посети и палестинските територии, како и Јордан и Обединетите Арапски Емирати. Тој нема да донесе никаква иницијатива во врска со израелско-палестинските судири, бидејќи Белата куќа не верува дека двете страни имаат политичка волја да го обноват мировниот процес.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп