Нетанјаху под жесток бран од критики по убиството на тројцата заложници во Газа
Убиството на тројца израелски заложници во Газа од страна на израелски војници предизвика излив на критики против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада.
Многу критичари истакнаа дека Нетанјаху лично не ја објавил трагедијата, како што направи тогашниот премиер на Израел Јицак Рабин во 1994 година по обидот да се спаси киднапираниот војник, во кој загинаа војник и еден од израелските командоси.
„Портпаролот на ИДФ беше оставен сам изминатата ноќ. Тој не беше претставникот што требаше да ја погледне јавноста во очи и да ја информира за трагедијата, туку премиерот или барем министерот за одбрана и Началник на Генералштабот. Ова не е изненадувачки, но разочарува“, напиша новинар на тиражниот весник „Једиот Ахронот“.
Многу критичари на владата, кои го омекнаа своето противење по почетокот на војната предизвикана од нападите на Хамас врз Израел од Газа на 7 октомври, денеска повторно излегоа со критики кон неа.
Историчарот Ури Хајтнер го поврза вчерашниот инцидент со либералната политика кон огненото оружје и отворените повици на министерот за јавна безбедност Итамар Бен-Гвир за вооружување цивили.
Ден Халуц, поранешен началник на Генералштабот на израелската армија, му напиша директна порака на Нетанјаху дека единствената можна слика за победа, по неуспехот во 2023 година, е неговото заминување со бело знаме.
Во меѓувреме, кабинетот на Нетанјаху најави дека вечерва тој ќе и се обрати на јавноста.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален