Нетанјаху: Иран е поголема закана од ИД
Спогодбата за иранската нуклеарна програма ќе му овозможи на Техеран преку милијардите долари, кои ќе ги добие по укинувањето на санкциите да го финансира тероризмот во целиот свет, предупреди вчера во Италија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
- Иран ќе добие стотици милијарди долари благодарение на инвестиците по укинувањето на санкциите, со кои ќе ја финансира политиката на агресија и тероризмот на Блискиот Исток, Северна Африка и на други места, рече Нетанјаху, кој во Фиренца се сретна со италијанскиот премиер Матео Ренци.
Нетанјаху нагласи дека заканата од иранската нуклеарна програма е поголема и посериозна од активностите на Исламска држава.
- Варваството на ИД го привлече вниманието на светот со причина, но јас сметам дека има една посерозна закана, која произлегува од една друга исламска држава, Иран и особено од нејзината нуклеарна програма, рече израелскиот премиер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна