Македонија
30. November 2017 - 14:03

Несреќа во Македонија - Пензионер прегази пешак

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 10 минути на улицата „Карл Маркс“ во Штип се случила сообраќајна незгода.

Полицијата денеска информира дека 72-годишниот Д.М. од Штип, управувајќи патничко возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 55-годишната Г.А. од Штип која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.