Македонија
1. November 2017 - 13:23

Несреќа на патот Градско- Прилеп, има повредени

Вчера  во 11.40 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на бифе Ловец, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (52) од Кавадарци и патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (44) од Македонски Брод. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила, како и сопатникот во патничкото возило, П.С. (50) од Македонски Брод.