Балкан
25. September 2016 - 18:41

НЕСРЕЌА: Маж скокна од 5-ти кат по расправија со девојка

Момче тешко повредено по пад од 5-ти кат.

С.Б. (35) од Белград е тешко повреден откако паднал од 5-ти кат од зграда на улица „Лазаревачки друм на Чукаричи“.

Како што пренесуваат српските медиуми, момчето најверојатно сакало да изврши самоубиство, бидејќи пред да скокне поминал низ жестока расправија со девојката.

Повреденото момче е веднаш пренесено во Ургентен центар со екипата на Брза помош а од таму велат дека тој се наоѓа во критична состојба и дека лекарите се борат за неговиот живот.