Македонија
19. September 2017 - 16:29

Неопходност од заедничка акција и соработка на државите против верскиот радикализам

Македонија со национална безбедносна стратегија во борба против насилниот екстремизам и тероризам.

Нашата земја во континуитет е изложена на асиметрични закани кои произлегуваат од зачестеното манифестирање на етничка нетрпеливост,верска нетолеранција и екстремизам кои создаваат погодно тло за радикализација која може да доведе до тероризам.

Имајќи го предвид сето ова  клучен предизвик е детектирањето ,односно раното предупредување и идентификација на можните закани .

Потребно е државите заеднички да соработуваат кон зголемена ефикасност и спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата.

Заплашува се поголемото присуство  на жени како странски борци и деца од Македонија ,дел од нив  се вратиле а некои сеуште престојуваат во завојуваните краишта водени од најразлични мотиви .

Инаку според податоците на воените подрачја на Блискиот Исток активно се вклучиле 150 лица од Македонија од кои 60тина се вратиле во земјава.