Македонија
4. January 2018 - 19:48

Неопходна е изградба на марина во Охрид, се чекаат квалитетни проекти

Главниот туристички центар има потреба од марина .Првиот човек на капетанија на пристаништата Устијаноски вели дека доколку станува збор за технички и естетски издржан проект во најскоро време градот ќе добие марина .Треба да се изградат  краците на охридското пристаниште и да се прилагоди дел од каналот Студенчишта кој треба да ги задоволи потребите на пловните објекти.

Со изградбата на марина се предвидува дислокација на сите пловни објекти од каналот.

Екологистите сметаат дека марина на Охрид му е неопходна но при изборот на локација за таков инфраструктурен зафат треба исклучително да се внимава, со цел да се избегне загадување на Охридското Езеро.