Македонија
8. March 2022 - 19:50

Неофицијално: Полицаец и нарко дилер ја ограбиле банката во Скопје

Две лица се приведени за вооружениот грабеж кој се случи среде бел ден во експозитура на УНИ банка во центарот на  Скопје.  

Според засега непотврдени информации еден од приведените е полициски службеник од Сарај, а вториот е нарко дилер кој е од селото Грчец и кој требало да се наоѓа во домашен притвор.  

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.