Немири на мигрантите стационирани во британската воена база на Кипар
Во британската воена база Акротири, на Кипар, избувнале немири, што ги предизвикале бегалците и мигрантите, во најголем број Сиријци, кои таму се привремено сместени.
Во соопштението на Министерството за одбрана во Лондон се вели дека имало „серија„ од различни протести и немири на овие луѓе кои се обидувале да ја напуштат британската база.
Најнасилните демонстранти ги палеле шаторите и се обидувале да се искачат по високата жичана ограда, протестирајќи против сместувањето и извикувајќи дека „не се животни, туку луѓе„.
Во лондонското министерство објаснуваат дека станува збор за само нешто над сто лица, кои во кипарската база се наоѓаат од минатиот месец.Таму се привремено сместени, додека не заврши постапката за добивање азил, што ја вршат кипарските власти.
Британската воена полиција успела да воспостави ред во базата.На сослушувањата, мигрантите се жалеле дека немаат топла облека и чевли, затоа што повеќето се дојдени со папучи на нозете.
Неколкумина од демонстрантите се заканувале со самоубиство, додека британските воени власти објаснуваат дека сите добиваат секој ден по три оброци, имаат засолниште и можност за комуникација.
Во Акротири се сместени 67 мажи, 19 жени и 28 деца.Некои од нив сакаат да останат на Кипар, додека другите повеќе сакаат да бидат префрлени во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел