-->
-->
Немања Матиќ на чекор до трансфер во Рома
-->
Српскиот фудбалер Немања Матиќ е пред трансфер во Рома каде повторно ќе соработува со португалскиот стратег Жозе Мурињо, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, до реализација на трансферот преостанува да се договорат уште некои детали, а италијанскиот прволигаш за услугите на српскиот играч за врска нема да плати обесштетување.
Најавите се дека Матиќ ќе го напушти Манчестер јунајтед за да потпише едногодишен договор со Рома со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Да се забрза трансферот на Матиќ помогна и тоа што ерменскиот репрезентативец Хенрик Мктаријан одби да го продолжи договорот со Рома и заминува во Интер без обесштетување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври