Нема што да штедат: Филип и Александрa искешираа 5.000 евра за бурми
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ искешираа дури 5.000 евра за златни бурми, кои се направени специјално за оваа прилика.
Накитот што идните младенци еден на друг ќе си ги стават на рака на 21. јуни е направен по желба на пејачката, со иситнети брилијанти. Тие прстените ги чекаа повеќе од 2 месеци, а сега таа битна работа е завршена. Подготовките за гламурозната венчавка и свадбената веселба се при крај, а во организацијата е вклучено целото семејство Живојновиќ. Боба му помага на Филип околу менито, на кое ќе се најдат специјалитети од седум најпознати европски ресторани, додека Лепа Брена со Александра и нејзината мајка Борка ги завршуваат деталите околу декорацијата на свечената сала.
Фолкерката, инаку, не се оптоварува многу со прославата и е со мирна глава.
- Нема никакви новости. Полека се се завршува, па се е опуштено. Главните работи ги завршивме. Во меѓувреме снимив и дуетска песна со Саша Матиќ, кој ќе ни биде гостин на прославата. Јас норамално се уште настапувам, а викендов никаде не пеев, па се посветив на организацијата на свадбата. Се тече по планот, едвај го чекаме тој ден, рече Александра.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП