Тенис
3. July 2016 - 16:31

Нема пречки за Ѓорческа на фјучрсот во Штутгарт - двојна победа

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа со две победи го заврши настапот на фјучрсот во Штутгарт. Таа денеска триумфираше во поединечна конкуренција, а вчера беше најдобра и во двојки каде победи заедно со Флоренција Молинеро од Аргентина.

Во денешното сингл финале Ѓорческа (трета носителка) со 2-1 во сетови ја победи Далила Јакупович од Словенија (втора носителка). Првиот сет со 6:2 во гемови и припадна на Ѓорческа, а противничката го доби вториот сет со 6:3 в гемови. Во решавачкиот сет најпрвин Јакупович направи брејк за водство од 2:1 во гемови, но Ѓорческа веднаш врати и изедначи на 2:2. Решавачкиот бреј нашата тенисерка го направи во 10.гем го одзема сервисот на противничката искористувајќи ја втората меч топка за 6:4.

Ова е осма победа на турнир на Ѓорческа во поединечна конкуренција, трета оваа година, а прва со награден фонд од 25.000 долари. За триумфот ќе добие и нови 50 поени.   

Ова е вкупно шести триумф на Ѓорческа со победи во сингл и двојки.