Македонија
17. January 2020 - 16:55

Нема медицински кадар за дисперзирање на Центарот за зависници во Кисела Вода

Недостатокот на кадар ја закочи дисперзијата на Центарот за зависности во Кисела Вода. Иако здравствените власти ветуваа дека од номеври 2019 зависниците ќе земаат метадот на неколку локации во градот, реализацијата на проектот тапка во место. И додека Филипче пред три месеци изјави дека имаат план и распоред на лекарски тимови по кои ќе функционираат пунктовите во поликлиниките Јане Сандански и Ченто, денеска министерството за здравство со одговор дека допрва ќе работат на доекиирање на медицинскиот персонал.

- Следната фаза на која се работи во периодов е доекипирање на медицинскиот персонал кој ќе работи во пунктовите. Според потребите и во зависност од обемот пациенти кои ќе земаат дневно терапија, планирано е да бидат ангажирани по еден психијатар и една до две медицински сестри.

Надлежните тврдат дека во поликлиниките обезбедиле простор за сместување на пунктовите, но според информации на Сител во објектите нема инвентар и опрема. И додека целиот процес на дисепрзија се пролонгира, од невладините кои работат со зависности велат дека е неопходно зависниците да добиваат метадонска терапија на повеќе локации.

- Ние тоа го бараме од 2005 година. Тоа е во интерес на корисниците на метадон, бидејќи ќе бидат на повеќе локации поблиску до местото на живеење, вели Ивица Цековски од ХОПС

На крајот на 2018та први на протести излегоа жителите од Кисела Вода кои побараа целосна дислокација на Центарот за зависности бидејќи две децении живеат во страв од иглите и шприцевите расфрлани околу објектот. По веста за дисперзија протестираа и граѓаните од Аеродром и Ченто кои не сакаа зависници во нивната општина. И додека дојде до конечното решение, повеќе од 500 лица се уште земаат метадон на едно место.