-->
-->
Нема крај на сообраќајките - Само вчера во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди
-->
Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди.
Самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои три лица се здобиле со телесни повреди.
Во текот на изминатите 24 часа, од страна на сообраќајната полиција откриени се неколку прекршоци. Две лица управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, а еден возач е санкциониран поради необновување на регистрација на возилото. Еден прекршок е од возач-почетник.
Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ