Loading Video...
Балкан
30. May 2023 - 16:31

Нема договор за повлекување на косовските специјалци од српската општина Звечан

Министерството за внатрешни работи на Косово ја деманитраше веста дека е договорено повлекување на специјалните полициски сили од општинската зграда во Звечан во 15 часот  , што утрово ја пренесоа некои медиуми. Вестите за постигнување договор помегу КФОР и демонстрантите не се точни. Нема договор за повлекување  на специјалците се вели во соопштението  на косовското  МВР. Пред зградата  на општината Звечан има насобрани локални срби  а околу објектот   се припадниците на КФОР. Ситуацијата е мирна , по вчерашните судири во кои беа повредени 30  припаднции на КФОР и над 50  демонстранти  додека   Вучик и Курти мегусбебно си рамзнеија обивнујвања кој ги иницирал инцидентите. Косовските Срби имаат две барања  - повлекување на градоналаниците Албанци  и на косовските специјалци од оштините Звечан , Зубин Поток , Лепосавиќ  и Северна  Митровица  , барања кои утрово  претседателот Вучиќ ги изложи и на средбата со амбасадорите на  САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија.    Градоначалникот на Звечан денеска воопшто не дошол на работа, а градоначлникот  на Лепосавик   ноќта ја минал во општината и oд безбедносни причини не излегува од објектот. Нова порака до властите во Белград и Приштина стигна од ЕУ.

 „Очекувам косовските власти да ја прекинат полициската операција фокусирана на општинските згради на северот на Косово и насилните демонстранти да се повлечат. Не можеме да си дозволиме уште еден конфликт. Се надевам дека мојот глас ќе биде послушан.